Модриќ со препорака до Зидан и Перез за „вечниот проблем“ на Реал

Дерби

15/10/2019

15:48

3.222

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ заработи повреда на дуелот против Велс кој се одигра пред два дена, но иако првично остави многу лоши сигнали поради тоа што не можеше сам да згазне на ногата, вчера угледните мадридски медиуми пренесоа дека не станува збор за ништо сериозно.

Всушност, се работи за силен удар во мускулот поради кој Лука не можел да го доигра мечот, поради што ќе биде неизвесен за настап за претстојниот дуел со Мајорка, но не и за „Ел Класико“ пресметката против Барселона на која се очекува да биде во најдобри физички предиспозиции.

На истиот меч во Кардиф, повреда заработи и Герет Бејл, а додека се чека официјално соопштение од Реал Мадрид за тежината на истата, Модриќ испрати еден предлог до Зизу и претседателот Перез кога е во прашање неговиот соиграч, или поточно „вечниот проблем“ како што го нарекуваат медиумите во последно време.

– Бејл е неверојатен играч и многу е важен за тимот. Тоа го докажа на стартот на оваа сезона, после сите тешки моменти. Се надевам дека ќе остане до крајот на оваа сезона и уште многу повеќе, – изјави Лука за „Мирор“ и „Сан“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг