И тоа се случи, Сент Паули избрка играч поради објава на социјалната мрежа Инстаграм

Дерби

15/10/2019

15:46

1.914

Големина на фонт

а а а

Германскиот тим којсе натпреварува во втората Бундеслига, Сент Паули, го отпушти турскиот играч, Ченк Сахин од своите редови.

Причината за тоа е објава на 25 годишниот фудбалер на социјалните мрежи поврзана со нападот на турската војска на Сирија во Курдскиот регион.

Сахин бил под договор со Сент Паули до 2021 година, а оваа сезона беше стандарден во дресот на германскиот тим за кој запиша 11 настапи на кои постигна и еден погодок.

– Вантрешната истрага за објавата на Ченк Сахин на Инстаграм поврзана со турската армија во Сирија беше комплетирана. По дополнителните разговори со официјалните лица на клубот и играчит, одлучивме да го отпуштиме играчот, - стои во дел од соопштението на Сент Паули.



Спонзорирани линкови

Маркетинг