Италијанскиот производител на спортски автомобили направи 14,022 примероци на моделот Huracan за само пет години, додека за истата бројка на Gallardo биле потребни десет години.
Првиот џип на Lamborghini - Urus е моментално најбараниот модел на италијанската компанија, но историски гледано најпродаван е моделот Huracan кој се произведува од 2014-та година.
Имено, од Lamborghini соопштија дека се произведени рекордни 14,022 примероци на овој модел со што Huracan стана најпродаваниот модел во историјата на компанијата. Успехот на Huracan е уште поголем поради фактот што овој резултат е постигнат за 5 години, додека за таков резултат на досегашниот најпродаван модел Gallardo бил потребен двојно подолг период од десет години (2003-2013).
Од Lamborghini соопштија дека рекордниот 14,022 Huracan пристигнува со "Grigio Titans" боја и е наменет за купувач од Јужна Кореја.
Што се однесува до продажните резултати во тековната година, Lamborghini во првата половина од 2019-та година испорачале 1,211 Huracan, 649 Aventador и дури 2,693 Urus модели.
Вкупно во првите шест месеци биле направени 4,553 автомобили што е зголемување од 96% во однос на претходната година.