По 23 години, “Принцот од Бел Ер” повторно на малите екрани

Точка

15/10/2019

16:08

2.187

Големина на фонт

а а а

Една од најпопуларните американски хумористични серии “Принцот од Бел Ер” се емитуваше на малите екрани од 1990 до 1996 година, а во неа бројни актери ги започнаа своите кариери како Вил Смит кој се прослави со улогата на проблематичен тинејџер.

Иако Смит минатата година изјави дека попрво “пеколот ќе замрзне” отколку да се сними продолжение на популарната серија, се чини дека сепак работите се промениле. Обожавателите на “Принцот од Бел Ер” и богатото семејство Бенкс ги развесели веста за повторно снимање на серијата. 


Според пишувањата на порталот “Hollywood Reporter”, 23 години по емитување на последната сезона, серијата ќе добие ново руво и ќе се фокусира на животот на Вил Смит. Се зборува и дека серијата ќе биде во продукција на неговата компанија “Westbrook Inc”, а американскиот актер е особено возбуден поради новиот проект.


Засега сè уште не е познато кој од ликовите ќе играат во серијата. Во септември почина Џон Весли, најпознат по улогата на доктор Хувер во серијата. Актерот Алфонсо Рибеиро, попознат како Карлтон, неодамна доби четврто дете со сопругата Ангела Ункрич, а во тајност се породила и неговата сестра од серијата – Ешли, односно Татјана Али.



Спонзорирани линкови

Маркетинг