Брус Вилис својот мир го пронајде покрај 23 години помладата манекенка: „Таква жена барав целиот свој живот, ниту една не ѝ е до колена“

Супермен

15/10/2019

16:16

5.743

Големина на фонт

а а а

„Десет години ги поминав сам и признавам дека на тој период не сакам да се сеќавам. Дури кога ја запознав Ема повторно открив што значи да си навистина среќен“ - вели Брус.

Тој вели дека додека не ја запознаете таа вистинската не сте ни свесни дека дотогаш не сте уживале во вистинка љубов на вистински начин.

Тој има сè во животот, и пари и слава и успех. Никогаш не се чувствувал осамено и верувал дека неговиот живот е целосно добар.

„Така беше додека не ја запознав Ема. Дури тогаш сфатив колку сум бил несреќен, но таа исто така ми покажа колкава може да биде љубовта“.

Нивната љубов не била на прв поглед. Брус и Ема, која од него е помлада 23 години, прво биле пријатели, а од тоа пријателство се родила големата љубов.

Во еден момент, по долгогодишно дружење тие сфатиле дека се создадени еден за друг, да го делат истиот поглед на светот, размислувањата и интересирањата.

„Ема тој ден требаше да оди за Њујорк. Пред летот се најдовме и отидовме на кафе и така започна нашата романска. Парадокс е дека кога размислувате за голема љубов, не ја поврзувате со некој кој мноу долго го познвате“ - ја започнал приказната актерот.

Во тој период Брус ја изгубил надежта дека ќе биде со некоја жена. По раскинувањето со Деми Мур, со која бил во брак 13 години и од кој има три ќерки, ја изгубил вербата во љубовта која трае цел живот.

„Првите неколку години по разводот за мене беа многу тешки“ - се присетува тој.

„Мислев дека вистинската љубов не постои и не верував дека е возможно повторно некој да сакате искрено. Толку многу се навикнав на идејата на самотен живот што не помислував дека повторно ќе застанам пред матичар. Дури кога Ема влезе во мојот живот, тој почна да добива боја“.


Ема во една прилика изјавила: „Бев многу млада кога се запознавме па не е ни чудно што имав одредена доза на страв од впуштање во љубовна врска со човек кој веќе има три деца и одредено животно искуство позади себе. Сега знам дека започнувањето на заеднички живот со него беше најдобрата одлука која досега сум ја донела. Навистина сум среќна“ - изјавила таа.

„Брус секогаш ме забавува. Константно се смееме, а верувам дека тоа е многу важно. Кога насмевката ќе исчезне тогаш почнуваат проблемите. Верувам дека сме сродни души“.

Оваа година парот прославува 10-годишнина од брак.

„Ова навистина е вистинска љубов, Ема е жената која ја барав целиот мој живот“ - вели Брус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk