Секој лет тука е чисто коцкање со животот: Нивните писти се мали, покриени со мраз и песок, а светла речиси и да нема! Погледнете ги петте најопасни аеродроми на светот

Точка

15/10/2019

15:27

3.282

Големина на фонт

а а а

Многу луѓе се плашат од редовни летови со авион, иако овој облик на превоз се смета за најбезбеден. Меѓутоа, овие аеродроми сигурно би исплашиле повеќе луѓе, бидејќи се екстремно тешки за слетување и полетување.

Ова се петте најопасни аеродроми на светот: 

1. Аеродром Лукла

Постои приказна дека патниците секогаш аплаудираат кога авионот ќе се приземји на оваа писта, која е многу тесна и кратка. Не помага ни тоа што аеродромот се наоѓа во близина на планина. Инаку, тој е направен на висина од 2.842 метри и е еден од највисоките во светот.

2. Аеродром Мадеира, Португалија

Мадеира е популарна локација во Португалија, а во 2016-та година стекнала нова популарност откако аеродромот бил преименуван во "Меѓународен аеродром Мадеира Кристијано Роналдо" во чест на познатиот фудбалер. Меѓутоа, аеродромот Мадеира е познат и како трет најопасен во Европа поради тесната писта и силните ветрови кои дуваат покрај морето.

3. Меѓународен аеродром Куршевел, Франција

Овој аеродром се наоѓа во градот Куршевел, во француските Алпи. Со оглед на тоа дека се наоѓа во планинско подрачје, има кратка писта од само 537 метри. На аеродромот постои постапка за обиколка и ако има магла, слетувањето е речиси невозможно.

4. Аеродром Бара, Шкотска

Аеродромот Бара го стекнал епитет за еден од најопасните на светот, бидејќи неговата писта се наоѓа на плажа. Високата плима може да го поремети редот на летање, а понекогаш автомобилите на паркингот ги палат светлата за да им помогнат на пилотите во текот на слетувањето.

Станица Мек Мурдо, Антарктик


Сместени на Антарктикот, сите три писти на станицата Мек Мурдо се направени од мраз. Во текот на зимата, која може да трае и со месеци, пилотите мора да слетаат во текот на мракот и користат опрема за ноќно набљудување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг