Apple на големо работи на новиот iPhone SE2: Ќе чини околу 25 илјади денари...

Точка

15/10/2019

15:56

1.546

Големина на фонт

а а а

Според најавите на аналитичарот Минг Чи Куо, Apple се подготвува за претставување на новиот iPhone SE2 кој ќе биде многу сличен на iPhone 8.

Куо во минатото имаше бројни точни предвидувања, посебно кога станува збор за моделите на Apple. Овојпат тој тврди дека американската компанија на големо работи на новиот iPhone SE2.

Кога беше претставен, SE беше поевтина варијанта на iPhone 6S, но и одличен избор за сите оние кои што сакаа да имаат помал телефон.


Кога станува збор за SE2, овој модел ќе има унапреден процесор, односно најверојатно ќе го добие А13 процесорот кој го има моделот iPhone 11. Во однос на последната генерација на iPhone, овој модел ќе има 1 GB помалку RAM меморија. Тоа значи дека ќе има 3 GB RAM и 64 или 128 GB интерна меморија.

Цената би требало да биде идентична како кај стариот iPhone SE која изнесуваше околу 400 долари во зависност од пазарот. Тоа значи дека овој телефон на македонскиот пазар би чинел од 22 до 25 илјади денари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг