Научниците убедени - зелката, карфиолот и брокулата го спречуваат ракот на дебело црево

Точка

15/10/2019

15:42

661

Големина на фонт

а а а

Истражувачите секојдневно ги истражуваат резултатите од различните комбинации на зеленчукот и овошјето настојувајќи да најдат решение за одредени болести.

Овој зеленчук не е богат само со диетални влакна кои го забрзуваат варењето на храната туку тие се и добри извори на фитонутриенати кои можат да го намалат ризикот за рак.

Во неодамнешната студија објавена од The Amercan Journal od Chinese medicine, истражувачите од кинескиот медицински универзитет во Тајван, ги истражувале антиканцерогените активности на сулфорафанот кој во изобилие е присутен во брокулите, зелката, карфиолот. Тие откриле дека тој е делотворно средство против рак кој може да го запре ќелискиот циклус и апоптозата на ќелиите на ракот.


Сулфорафанот влијае на прекинување на растот на ќелиите на дебелото црево.

За да одредат како сулфорафанот ќе влијае на овој вид рак, користеле HCT 116 ќелиска линија од човечки колоректален карцином која вообичаено се користи за проучување на механизмот на растот и метастазите на туморот. Тие лечеле ќелии HCT 116 и го следеле влијанието на сулфорафаномот на тие ќелии.


Истражувачите навеле дека сулфорафанот предизвикува промени во ќелиската морфологја и ја намалува виталноста на HCT 116 ќелиите. Овие морфолошки промени забележани се со фазно-константен микроскоп.




Спонзорирани линкови

Маркетинг