Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт денес ја почнале петдневната посета на Пакистан, со свечен дочек и силни безбедносни мерки.
Кралскиот пар прво го посетил училиштето за девојчиња во главниот град Исламабад, а потоа го посетил и Националниот парк на брдото Маргала.
Властите распоредиле повеќе од 1.000 полициски и воени сили кои се грижат за безбедноста на кралскиот пар.
Војводата и војвотката од Кембриџ, кои се големи заговорници на женското образование, ги дочекале наставниците и децата во женското училиште. Кејт во кралскосина традиционална наметка и панталони седела со децата во училницата, додека принцот Вилијам се ракувал со наставничката.
Според годишниот извештај на ОН, 27 проценти од девојчињата во Пакистан одат во средно училиште, додека повеќето го напуштаат основното училиште по седум години образование.
British Royal couple, Prince William & Kate Middleton visited Govt Girls High School in Islamabad today https://t.co/Qi6no7qX9W #RoyalVisitPakistan
— Radio Pakistan (@RadioPakistan) October 15, 2019
Принцот Вилијам и Кејт разговарале и со премиерот на Пакистан, Имран Кан, но деталите од таа средба уште не се соопштени.
Инаку, новинарите кои известуваат за британското кралско семејство велат дека одлуката на Кралицата Елизабета Втора да ги прати Вилијам и Кејт во толку важна посета е израз на нејзината голема доверба во нив двајца.
Исто така, забележуваат и дека Кејт ѝ оддала посебна чест на принцезата Дајана, мајката на Вилијам, со тоа што избрала сина тоалета за почетокот на посетата на Пакистан - слична на онаа во која таа земја ја посетила токму Лејди Ди.
Prince William, Kate Middleton leave official residence of PM @ImranKhanPTI after lunch#RoyalVisitPakistan #RoyaltourPakistan pic.twitter.com/dswzRylvUB
— Radio Pakistan (@RadioPakistan) October 15, 2019