Неодлучната Зендаја во слоевита комбинација го искомбинирала цел плакар

Кармин

15/10/2019

14:07

2.042

Големина на фонт

а а а

Зендаја никогаш не разочарала со својата појава на црвениот тепих.

Убавата актерка секогаш знае како да привлече внимание и да се истакне во морето славни дами, а истото го направила и на настанот на магазинот „Elle“.


Во еден стајлинг споила панталони, кошула, здолниште, сако и дебел ремен и сето тоа го надополнила со салонки со шпиц.

Поради впечатливиот аутфит, Зендаја не ги истакнала модните детали, па носела само светкав чокер и неколку обетки.

Сепак, она што накратко го одвлекло вниманието од целокупниот аутфит, бил минијатурниот струк на Зендаја, кој успеал да се истакне дури и покрај овој необичен аутфит, кој ретко кој би се осмелил да го облече.


Инаку, целокупната комбинација ја потпишува дизајнерот Петер До. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk