Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Макфакс

15/10/2019

14:03

3.449

Големина на фонт

а а а

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор со бизнисот и синдикатите за зголемување на минималната плата. Целта, како што рече тој, е подобрување на животниот стандард на работникот и намалување на сиромаштијата.

„Одиме внимателно со покачувањето на минималната плата. Внимателно ги следиме сите мерки и ќе продолжиме со нив за да може стопанството да ги следи истите. Сите треба да работиме ако сакаме повискои плати и поголема конкурентност. Да бидеме поработлива нација и посветено да работиме“, рече Заев, нагласувајќи дека до крајот на мандатот се надева оти ќе ја постигнат целта – минималната плата да изнесува 16.000, а просечната 30.000 денари.

Вицепремиерот, Кочо Анѓушев истакна дека растот на платите е предизвикан од реалната економија во земјата, како и дека нивото на минималната плата е во принцип ниво кое е приближно на нивото во другите земји во регионот.

Во моменот минималната плата изнесува 12.507 денари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг