Тие се шампиони во лажни вести: Наводниот масакр на Курдите во Сирија американската мрежа го илустрирала со снимка од воен полигон во САД

Точка

15/10/2019

14:21

1.971

Големина на фонт

а а а

ABC News пред два дена неколку пати емитувал шокантни снимки, наводно од Сирија, кои ја прикажуваат борбата меѓу сириските Курди и турските трупи.

Извештајот и снимките се опишани со шокантен јазик, а целта им била да ја испровоцираат публиката. Водителот на ABC News, Том Ламас, ги емитувал наводните шокантни снимки, тврдејќи дека покажуваат жесток турски напад на курдски цивили. 

Меѓутоа, постои многу голем проблем. Снимките се 100 проценти лажни...тоа никогаш не се случило.

Снимките кои ги емитувал ABC News потекнуваат од ноќни демонстрации на митралези на стрелиштето Ноб Крик Ган во Вест Поинт во Кентаки. Шокантниот случај на пропаганда прв го забележал корисникот на Твитер, #PolishPatriot.

Повторно, оваа снимка е 100 проценти лажна. Новинарката на "Washinton Examiner" Бекет Адамс, се јавила во ABC и ги прашала што се случува.

"Ја тргнавме снимката која вчера беше емитувана на "World News", а ден подоцна и на "Good Morning America"", а кој наводно е од сириската граница веднаш откако се појави проблем со нејзината автентичност", рекол претставник на мрежата за новинарите. "ABC News жали за грешката".

"Да бидеме јасни во врска со тоа. Ова е ABC International News" кој користи снимки од изложба на оружје во Кентаки и ги пренесува како снимки од напади во Сирија. Тоа не е грешка", велат од порталот "Conservativetreehouse".



Спонзорирани линкови

Маркетинг