Заменик министерот Муса поднесе оставка: Наместо да се извини, тврди дека е жртва на стапица

Точка

15/10/2019

12:18

3.506

Големина на фонт

а а а

Откако се појави видеото на албански "Top Channel" на кое се гледа како прима мито за операција, заменик министерот за здравство поднесе оставка.

Истражувачката емисија „Фикс Фаре“ на албанската телевизија "Top Channel" објави видео на кое заменик министерот за здравство, Асим Муса се договара со пациент за операција и прима мито.

Албанскиот новинар се претставил како пациент, по што се договори со Муса да му биде извршена операција, за што сега веќе поранешниот заменик министер му бара 1000 евра, од кои 50 евра ги зема како аванс.

Не пропуштајте: Скандал: Заменик министерот за здравство снимен како зема мито!

Откако скандалот се прошири во македонските, но и во медиумите од регионот, Муса денес соопшти дека се повлекува од функцијата.


„Донесов одлука да се повлечам од функцијата заменик министер за здравство и да ја расчистам оваа дамка и стапица против мене и мојата професија. Продолжувам и понатаму да им служам на граѓаните на нашата земја и пошироко“, порача Муса на денешната прес конференција.

Муса тврди дека станува збор за стапица од која медиумите направиле спектакл, а всушност станува збор за пари кои треба да ги плати секој странски државјанин кој сака да му биде извршен оперативен зафат во Македонија.

„Мојот обид да им помогнам на пациентите се претвори во стапица. Го информирав пациентот дека интервенцијата за странски граѓани, кои не се осигурани во нашата држава е приватна и го информирав за можниот износ на интервенцијата. Токму овие пациенти постојано се обидуваат да приредат стапица против мене во било која форма“, порача Муса кој додаде дека нема да дозволи неговиот кредибилитет да биде нарушен од една ваква „стапица“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг