Ова кафуле во Далмација станало хит поради причината за неговото затворање: „Достојно на Алан Форд“

Точка

15/10/2019

11:33

3.081

Големина на фонт

а а а

Натписот пред едно кафуле во Далмација станал вирален на Фејсбук откако фотографијата била објавена на страницата „Dnevna doza prosječnog Dalmatinca“.

„Само кај нас“ - пишува под фотографијата на која се гледа дека кафулето е затворено поради “отворање“.

Оваа фотографија многмина ги насмеала, а некои веднаш заклучиле дека ова е достојно на Алан Форд.

„Кој трча, не оди“ - се шегувале.

„Затворено е затоа што треба да се подготви за отворање, не гледам ништо нејасно“, „Врв“, „Навистна оригинално“ - уште некои од коментарите под фотографијата.

На оваа популарна страница уште еден натпис од Сплит насмеал многумина, а на него пишува “ивентура“.

Хумористичните натписи не се единственото нешто кое може да се види во далмациските објекти.

„Велат дека неделното кафе е најубаво“ - пишува покрај фотографијата од кафулето која добила неколку илјади лајкови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг