Селма Хаек со гола фотографија одбележала 12 милиони следбеници на Инстаграм.
“Благодарна сум на вашата љубов и поддршка! Јеееј! Поради вас имам 12 милиони следбеници. Игла за здравје, секоја претставува еден милион од вас”, напишала Селма покрај фотографијата на која добива третман со акупунктура.
“Толку си прекрасна и секси”, “Го заслужуваш секој следбеник”, “Ти си најубавата жена на светот”, ѝ коментирале воодушевените фанови.
Селма неодамна ги почестила фановите со разголени снимки за да им заблагодари на поддршката на социјалните мрежи.
“Помеѓу денес и утре ќе дојдам до магичната бројка од 11.111,000 следбеници... Поради благодарност за вашата лојалност, еве неколку фотографии во движење кои најмногу ви се допаѓаа”, напишала тогаш актерката со жешки снимки во вода.