Нобеловецот тврди дека животот на друга планета е глупост

Точка

15/10/2019

09:55

2.957

Големина на фонт

а а а

Добитникот на Нобелова награда за астрофизика, Мајк Мејор, смета дека човештвото треба да се сосредоточи на решавање на проблемите на планетата Земја, а не да трага по живот на друга планета.

Мејор и неговиот колега Дидиер Квелоз, исто така добитник на оваа престижна награда, во 1995 година ја откриле првата егзопланета која има сличен потенцијал за развој на живот како Земјата. 

Тие пресметале дека таа е на исто растојание како и нашата планета, како и дека на неа најверојатно има вода. Оттогаш, нашето знаење за егзопланетите нагло започна да расте. Опремата како што е транзитниот сателит за истражување на егзопланети (TESS) на НАСА помогнала во утврдување на повеќе од 4000 познати егзопланети. Но, Мејор вели дека поставувањето на надеж во свет надвор од нашиот соларен систем е “глупава идеја”.


“Ако зборуваме за егзопланети, работите би требало да бидат јасни: таму нема да мигрираме. Овие планети се предалеку”, објаснил тој за агенцијата “France Presse”.

Нобеловецот вели и дека во многу оптимистичен случај, онаа планета која не е предалеку исто така не е опција. Повторно, и до неа би било потребно премногу време за да се стигне.

“Зборуваме за стотици милиони денови, користејќи ги средствата кои денес ги имаме на располагање. Затоа, мора да се погрижиме за нашата планета”, порачал Мајк.

Климатските промени се забрзуваат, со зголемување на нивото на јаглерод диоксид, зголемување на нивото на морињата и рапидното топење на глечерите, предупредуваат експертите. Ваквото мислење доаѓа од Светската метеоролошка организација која учествуваше на самитот на ОН за климатските промени.


Оваа организација објавила извештај кој ги прикажува климатските промени и нејзините влијанија во последните 5 години (од 2015 до 2019 година) во кој се наведува дека ова биле најтоплите 5 години во историјата. Планетата се загреала за 1,1 Целзиусов степен уште од прединдустриското доба и за 0,2 Целзиусови степени во однос на претходниот период, односно во однос на 5-годишното мерење од 2011 до 2015 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг