Ова Ердоган не го очекуваше: Сириската армија навлезе и ќе го брани стратешки клучниот град!

Точка

15/10/2019

08:55

5.717

Големина на фонт

а а а

После пет години, силите на сириската армија започнаа да навлегуваат во градовите на северот на земјата, откако во неделата вечерта Курдите кои го контролираат тоа подрачје постигнаа договор со претседателот Башар Ал Асад.

Сириската армија ќе ги брани Курдите од турската агресија, а силите на Асад веќе се распоредија во градот Тел Тамер кој се наоѓа на стратешки важниот автопат „М4“ кој се протега од истокот кон западот на Сирија.

Сепак, најголем удар за плановите на Ердоган и турската армија е распоредувањето на силите на сириската армија во стратешки клучниот град Манбиџ на северот на Сирија.

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турските сили и нивните сојузници се подготвени за офанзива на градот Манбиџ кој е под контрола на борците на курдското локално население.

Сепак, сириските Курди во меѓувреме склучија договор со владата на Дамаск за заедничка одбрана на градовите на северот на Сирија, а после распоредувањето на сириската армија во споменатиот град, сега постои реална опасност од нова ескалација и судир на турската со сириската армија.

Сирискиот воен ангажман би можел да предизвика драматична ескалација на конфликтот со Турција, откако Турците минатата седмица ја започнаа својата нелегална воена агресија која има за цел да создаде тампон зона на границата со Сирија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг