Играчите на овој клуб играат лошо, а земаат најголеми плати

Точка

14/10/2019

17:20

3.181

Големина на фонт

а а а

Без разлика на слабите резултати во последните неколку години, Манчестер Јунајтед е клубот кој најмногу издвојува за плати на играчите во Премиер лигата.

Како што покажуваат истражувањата, Јунајтед на годишно ниво издвојува 378 милиони евра за платите на своите играчи, додека далеку зад нив е лидерот Ливерпул, кој издвојува 300 милиони. 

Шампионот Манчестер Сити во минатата сезона на примања на фудбалерите издвоил 295 милиони евра.

Тоа што е интересно е дека Јунајтед во последните три години за 43 проценти ги зголемил примањата на играчите, односно за цели 113,5 милиони евра.

На неделно ниво издвојуваат околу 7,3 милиони евра, што е повеќе од годишниот буџет кој го имаат многу клубови, како на пример нивните противници во групата од Лига Европа. 

Давид де Хеа според новиот договор неделно прима 426.000 евра, а Пол Погба 330.000. Во таа сума од 378 милиони пресметана е и платата на Алексис Санчез, кој до заминувањето во Интер примал 455.000 евра.

Зад Ливерпул и Сити на четврто место според издвојувањето на плати е Челси со 277 милиони евра годишно, додека Арсенал е петти со 253 милиони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг