Мислев дека е возач: Ериксон открива како изгледала првата средба со Абрамович

Точка

14/10/2019

17:02

2.616

Големина на фонт

а а а

Поранешниот селектор на англиската репрезентација, Свен Горан Ериксон откри досега непознати детали од неговата кариера.

Швеѓанецот откри и како изгледала неговата прва средба со актуелниот сопственик на Челси, Роман Абрамович.

„Се сретнавме во едно казино во Лондон. Таму имаше тројца луѓе, едниот беше убаво облечен, вториот онака и третиот мислев дека е возач. Тој третиот подоцна се покажа дека е Роман“, открива Ериксон и додава:

„Имаше намера прво да купи клуб во Москва, па заминавме во Москва три дена. Ги посетивме сите клубови и го советував да го купи Динамо затоа што имаа најдобри услови и инфраструктура. После неколку дена го промени мислењето, ми се јави неговиот пријател и ми кажа дека Роман сака да купи клуб во Лондон“, изјави Ериксон и откри дека Абрамович се двоумел дали да го купи Тотенхем или Челси, но тој му помогнал да се одлучи.

Откако Роман Абрамович го презеде Челси, лондонскиот клуб освои 14 титули, од кои пет титули во Премиер лигата и една титула во Лигата на шампионите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг