Бојан Јовановски итно префрлен во болница поради проблеми со желудникот

Точка

14/10/2019

15:45

2.588

Големина на фонт

а а а

Главниот обвинет во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски повторно е пренесен во болница откако се пожалил на проблеми со желудникот.

Јовановски денес бил пренесен од истражниот затвор „Скопје“ во градската болница „8-ми септември“ каде што му бил извршен лекарски преглед, по што примил и инфузија.

Наводно Јовановски имал проблеми со желудникот поради неодамнешниот оперативен зафат, а тој досега во повеќе наврати од затворот беше пренесуван во болница.

Од неговиот адвокатски тим веќе испратија медицински извештај до судот во врска со неговата здравствена состојба и се обидуваат нивниот клиент да добие „алтернативна мерка“, односно да добие домашен притвор.

Инаку, Бојан Јовановски заедно со поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски Кичеец се главните обвинети во случајот „Рекет“ на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг