Покојник проговорил од ковчегот: "Каде сум, пуштете ме оттука"

Точка

14/10/2019

16:19

9.855

Големина на фонт

а а а

Погребите на блиски лица претставуваат еден од најтажните настани во животот на човекот.

Меѓутоа, погребот може да се претвори и во забава и смеа. Тоа најдобро со својот пример го покажал еден Ирец кој луѓето, кои дошле на неговиот погреб, ги насмеал до солзи. 

Имено, тој сите присутни ги насмеал добро со забавна посмртна порака.

Додека ковчегот веќе бил во гробницата, а роднините и пријателите стоеле околу гробното место, наеднаш се слушнало тропање во дрво, а набрзо се слушнал и гласот на починатиот:

"Еј каде сум? Има ли некој? Пуштете ме оттука!".

Покојниот Ирец веројатно со некој од членовите на семејството претходно договорил гласовната, аудио-порака, да биде оставена во ковчегот.

Оваа постапка на покојникот добро ги насмеала луѓето на неговиот погреб, а очигледно овој Ирец бил многу духовит кога на денот на својот погреб одлучил да се пошегува, да ги насмее и да ги забавува блиските луѓе во веќе доволно тажниот момент за сите.

Судејќи по се, покојникот сакал овој тажен ден да го претвори во ден за шега и смеа, и по тоа да остане запаметен.

Инаку, видео-снимката била објавена на социјалната мрежа "Reddit", каде станала многу популарна и гледана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг