Говорот кој го чекаа сите Британци: Кралицата се обрати, приоритет е напуштање на Европската унија!

Точка

14/10/2019

16:37

2.414

Големина на фонт

а а а

Приоритет на британската влада е да ја напушти Европската унија до 31-ви октомври, порача денес британската кралица Елизабета Втора од позлатената сала во Горниот дом во Вестминстер.

Говорејќи пред парламентот, кој ја утврдува законодавната агенда на владата, кралицата го поддржа планот на премиерот Борис Џонсон да „работи на ново партнерство со Европската унија, засновано на слободна трговија и пријателска соработка“.

Кралицата Елизабета Втора додаде дека британската влада, после излегувањето на земјата од Европската унија, ќе обезбеди државата и натаму да има водечка улога во светот и ќе продолжи да ги брани државните интереси.

„Мојата влада ќе биде во првите редови при решавањето на најкомплексните меѓународни безбедносни проблеми“, порача британската кралица.


Инаку, владиниот план го вклучува предлогот на Џонсон за пост-брегзитски имиграциски системи, реформи во правосудството, промена во здравствениот систем и поголеми вложувања во јавните финансии.

После говорот, кралицата Елизабета Втора се врати во Бакингемската палата, а меѓу присутните во парламентот, како што пренесува „БиБиСи“, била и поранешната премиерка Тереза Меј.



Спонзорирани линкови

Маркетинг