Во која земја од поранешна Југославија има најниска минимална плата!?

Точка

14/10/2019

15:24

3.601

Големина на фонт

а а а

Најниската минимална плата во земјите од регионот ја добиваат вработените во Република Македонија и тоа само 203 евра месечно.

Според последните достапни информации, минималец во Босна и Херцеговина заработува 208 евра, во Албанија 211 евра, а во Црна Гора неодамна платата била зголемена на 222 евра.

Во Србија, како што се додава, најниската заработка во овој момент изнесува околу 230 евра, но следната година се очекуваат зголемувања од 11 отсто, така што од 1-ви јануари ќе се зголеми на 255 евра.


Некогашните југословенски републики кои добиле членство во ЕУ, како што се Хрватска и Словенија, имаат значително поголеми минимални плати.

Хрватските работници минимално заработуваат по 405 евра месечно додека пак во Словенија минималната плата на работниците значително ја надминува просечната плата во поголемиот дел од земјите од регионот и изнесува 667 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг