Заев сепак е оптимист: Франција не е против нас, а Европската унија не смее да нѐ казни!

Точка

14/10/2019

13:33

2.171

Големина на фонт

а а а

Премиерот Зоран Заев и натаму е оптимист во врска со добивањето на датум за преговори со Европската унија, одлука која ќе е позната веројатно до крајот на идната недела.

Заев е убеден дека на министерскиот состанок во Луксембург кој ќе започне утре и ќе трае до 18-ти овој месец, Европската унија ќе одреди датум за почеток на преговори со Македонија.

„Верувам дека градејќи ги сите точки и агенди на дневниот ред ќе се дојде до заеднички заклучоци и дека ќе преовлада одговорноста од Европската Унија и од Европскиот Совет и дека ќе биде донесена долго очекуваната одлука за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија“, изјави Зоран Заев кој беше запрашан за коментар во врска со средбата на Макрон и Франција на која земјава воопшто не била спомената.

„Останувам оптимист, сметам дека ги имаме сите аргументи на светот да добиеме датум за отпочнување на преговори со Европската унија“, порача Заев.


Деновиве се појавија бројни гласини дека Франција е главен противник за проширувањето на Европската унија, а „Ројтерс“ пренесе дека официјален Париз сепак ќе побара одложување на одредувањето на датум за преговори, но тоа сепак не го загрижува премиерот.

Не пропуштајте: Дали повторно ќе извисиме? Франција против почеток на преговори со Македонија

„Франција не е против нас, тие имаат легитимна намера да вградат нова методологија која ќе даде можност сите капацитети да се движат уште посилно и посериозно со реверзибилна метода, односно ако не успеат, да ги враќа назад“, тврди Заев кој призна дека не сака ниту да помисли на можноста Македонија да остане без датум за преговори.

„Не сакам ни да размислувам за тоа, ние петнаесет години чекаме. Донесовме крупни одлуки, реформите се многу значајни и се 100% потврдени со извештајот. Европската унија не смее да го казни најдобриот пример“, порача Заев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг