Нема да ви е потребен ниту еден грам бетон - куќа од 350 квадрати направена за еден ден по цена од неверојатни 9.000 евра

Кармин

14/10/2019

14:20

6.531

Големина на фонт

а а а

Куќа без бетон со помош на 3Д принтер за помалку од 24 часа и за околу 4.000 долари. Стартап ICON од Остин кој почнал да печати куќи со помош на 3Д принтер би можел да направи револуција кога станува збор за евтино живеалиште.

Нивната метода штом била објавена веднаш го обиколила целиот свет, а сите се воодушевени затоа што можат да си направат куќа за само 24 часа.

Сега се огласил и основачот на ICONA, Еван Лумис кој најавил дека со 3Д принтерите би можел да направи мали домови низ Остин каде што има најмногу бездомници, но и пошироко.

Компанијата не е прва која дизајнирала технологија на 3Д печатење за градење на куќи, но нејзината единствена изградба на лице место би можела да биде револуционерен подвиг поради тоа што има голема побарувачка за градење на пристапни домови.

„Се надеваме дека ова не е новост, но ова е всушност нов начин за градење на нашата иднина“ - изјавил Лумис.

Бројот на пристапни домови во САД, но и во светот се намалува и нема многу простор да се подобри традиционалниот начин на градење на куќи.

Тимот на компанијата почнал да преиспитува како куќите може да се градат од темел и развил 3Д принтер способен за градење на куќи од 2.000 метри квадратни за помалку од три денови. Помалите куќи можат да бидат готови и за 24 часа.

Според проценките, изградбата чини околу 289.415 долари вкупно, но компанијата ќе ги намалува трошоците за 30 до 50 отсто.

„Сè уште не сме стигнале до таму, но таа иднина не е научна фантастика“ - изјавил Лумис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk