Ужасни сцени во Чикаго: Американецот Деј се бори за живот по бруталниот нокаут во рингот

Дерби

14/10/2019

13:31

2.927

Големина на фонт

а а а

Бокс мечот меѓу Патрик Деј и Чарлс Конвел беше одлучен во последната 10-та рунда, а иако големите фанови на овој спорт беа сведоци на спектакуларна борба, еуфоричната атмосфера се претвори во мрачно исчекување, бидејќи поискусниот борец сега се бори за живот.

Американецот Деј претрпе брутален нокаут во последната минута од борбата од помладиот колега на борбата во Чикаго, по што експресно беше префрлен во болница каде биле констатирани сериозни повреди на главата. Поради отоците, над 27-годишниот Амрериканец била направена итна операција на мозокот, по што сега се наоѓа во кома и во критична состојба.

Победата на шест години помладиот Конвел остана во втор план поради ужасните последици, а свесен за тоа е и самиот Чарлс кој сега преку социјалните мрежи бара од фановите на боксот да се молат за здравјето на Патрик Деј.



Спонзорирани линкови

Маркетинг