Овие оружја можеле на Хитлер да му донесат победа: Црното сонце требало да биде спасот за Третиот Рајх

Точка

14/10/2019

13:10

8.471

Големина на фонт

а а а

Инженерите на Хитлер тајно ги развивале некои од најамбициозните оружја кои што светот ги видел, а нацистичката команда верувала дека најновите оружја ќе им донесат победа во Втората светска војна.

Третиот Рајх ја имал технолошки најнапредната и најиновативната воена индустрија во Втората светска војна, а на почетокот тенковите, авионите и бомбите на Хитлер доминирале на фронтот и никој не можел да им се спротистави. Нацистичките научници биле пионери во создавањето на ракетните и млазните летала, авиони без пилоти, ракетна технологија со долг домет, роботи-бомби и првите супертешки тенкови во светот.

Голем број од оружјата на Нацистите го промениле текот на војната и начинот на самото војување, а кога Хитлер сфатил дека треба да го скрати времето на војување со Советскиот сојуз и западните сили, наредил нова фаза на развој на напредно вооружување.

Во 2016-та година во документарецот „Топ 10 тајни и мистерии“ беше откриено дека Хитлер и неговиот нацистички режим биле заинтересирани за митологијата и окултизмот.

„Верувале дека езотеричното тајно оружје ќе му помогне на Третиот Рајх да дојде до победа. Тула и Врил, двете тајни друштва поврзани со нацистичката идеологија ги поддржувале тие верувања“.

Активностите на овие друштва вклучувале ритуали, евоцирање на древни боженства и потрага по „Црното сонце“ - извор на неизмерна енергија кое на Германија би ѝ дало неверојатна сила. Рудолф Хес, еден од најблиските соработници на Хитлер на почетокот на војната бил член на овие друштва.

Но, кога станува збор за реалните инженерски достигнувања на Третиот Рајх, односно оние кои што немаат допирна точка со митологија и окултизам, Германците имале фантастични идеи.

Бомбардерот „Хортен Хо 229“ е еден од најимпресивните авиони, наменет да носи тони оружје. Летал со брзина од 600 километри на час и достигнувал висина од 14 километри. Бил опремен со два турбо отори, два топови и ракети „Р4М“. Овој авион бил првиот „стелт“ авион и првиот лет бил изведен во 1944-та година.

Покрај тоа, Германците ја развиле и првата паметна бомба со радио-наведување, еден вид на ракета со каква што денес располагаат само најмоќните армии. „Фриц Икс“ бомбата била тешка 3,450 килограми и опремена со радио приемник и софистицирани контроли со чија што помош бомбата можела да се насочи кон точно дефинирана мета.


„Голијат“ роботот кој што бил управуван далечински служел за чистење на мини, но можел да понесе и од 133 до 200 килограми експлозив. Благодарение на двата електромотори кои подоцна биле заменети и со гасен погон, можел лесно да се движи низ боиштето.

Најголемото достигнување во воената авијација Германците го имале со развојот на „Месершмит Ме 163 Комет“ - првиот „ракетен“ авион кој што летал за дури 500 километри на час побрзо од авионите на сојузниците, односно максималната брзина изнесувала 1,130 километри на час.



Спонзорирани линкови

Маркетинг