Гигс со чудна изјава за страшниот инцидент на играчот на Јунајтед: Глумеше дека е онесвестен

Дерби

14/10/2019

12:20

1.062

Големина на фонт

а а а

Велс и Хрватска ги поделија бодовите на натпреварот кој изминатава вечер се одигра во Кардиф, пресметка која по доста лоши работи ќе ја паметат фановите на Реал Мадрид, а посебно тренерот Зинедин Зидан.

Причина за тоа се повредите кои ги заработија Лука Модриќ и Герет Бејл на две недели пред одигрувањето на „Ел Класико“, но наспроти ова, натпреварот во Кардиф ни понуди и една застрашувачка сцена, бидејќи пред крајот на првиот дел се чинеше дека Даниел Џејмс загуби свест на теренот.

По еден застрашувачки дуел со Домагој Вида, Џејмс се спружи на земјата и ги исплаши фановите и лекарите кои се затрчаа кон него, но во продолжение беше стабилизиран и му беше дадено зелено светло да го доигра мечот. Фудбалерот на Манчестер Јунајтед по средбата нагласи дека не ја загубил свеста и дека знаел што се случува, но за разлика од него, доста чудна и бизарна изјава даде селекторот Рајан Гигс, кој напомена дека Џејмс и малку одглумил во дадената ситуација.

– Даниел Џејмс падна на земја и остана доле со мала доза на глумење. Глумеше дека е без свест, – изјави Гигс по ремито од 1:1.



Спонзорирани линкови

Маркетинг