Берлускони: Како Милан повторно да биде голем? Вратете го Берлускони

Макфакс

14/10/2019

10:50

852

Големина на фонт

а а а

Поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Милан Силвио Берлускони верува дека би можел да го врати клубот на патеките на славата и порачал дека сегашниот директор Иван Газдис не работи добро.

Со заминувањето на Берлускони започна кризата на италијанскиот великан, која од година во године е се поголема и поголема. Клубот најпрвин имаше кинески сопственик, а сега е под капа на американски инвестициски фонд. Директор на клубот е Газдис кој во Милан дојде од Арсенал.

„Како да направиме Милан повторно да биде оној голем Милан од минатото? Тоа е едноставно од една страна, а многу тешко да се случи од друга страна: Вратете му го на Силвио Берлускони“, порачал контроверзниот бизнисмен и политичар и ја коментирал изјавата на Газдис дека Американците го спасиле клубот од банкрот.

„Тоа се реченици што треба да се говорат кога ќе влезеш во тоалет и кога најпрвин ќе ја затвориш вратата“.

Силвио Берлускони заедно со својот соработник од Милан, Адријано Галијани, ја предводат Монца екипа која игра во Серија Ц.



Спонзорирани линкови

Маркетинг