Скалони посочи кога Меси повторно ќе заигра за Аргентина

Дерби

13/10/2019

16:06

1.917

Големина на фонт

а а а

Селекторот на аргентинската репрезентација, Лионел Скалони откри кога Лионел Меси повторно ќе за игра на националниот тим.

Фудбалерот на Барселона последниот настап за „гаучосите“ го имаше на Копа Америка на дуелот со Чиле каде беше контроверзно исклучен во битката за третата позиција. На овој турнир Меси имаше јавни коментари за судењето и за КОНМЕБОЛ како организација, па заработи суспензија од три месеци.

Поради тоа ги пропушти дуелите со Чиле, Мексико, Германија, а ќе ја скокне и пресметката со Еквадор, но Скалони најави дека наредниот месец ќе го има Меси на располгање како и Серхио Агуеро.

-Лео не е тука поради суспензијата. Агуеро не е тука затоа што има проблем и не може да тренира 100 проценти во клубот. Двајцата ќе бидат тука наредниот месеци, -порача Скалони пред мечот со Еквадор.



Спонзорирани линкови

Маркетинг