Главниот оперативец на Дортмунд: Попрво би молел за пари под мост, отколку да барам од Баерн

Дерби

13/10/2019

16:05

1.891

Големина на фонт

а а а

Борусија Дортмунд и Баерн Минхен се големи ривали во Германија и редовно се борат за пехарите во домашните конкуренции, па затоа изненади многумина приказната од пред неколку години дека токму баварците спречиле „милионерите“ да банкротираат во 2005 година.

„Жолто-црните“ имаа финансиски проблеми на почетокот на 21 век за да потоа полека почнат да се извелкуваат и под водство на Јирген Клоп да се вратат на врвот во германскиот фудбал. Токму во тие години се појавија информациите дека Баерн многу му помогнал на Дортмунд, меѓутоа колку од тоа било вистина говори извршниот директор на клубот Ханс-Јоаким Вацке.

Вацке тврди дека никогаш не побарал ниту една евро од Баерн, поточно во неговата книга „Echte Liebe“ (Real Love) (Вистинска љубов) која ќе почне да се продава од 14 октомври пишува:

-Беше многу изненадувачки, да се зборува иронично, темата Баерн и позајмицата станаа јавна тема кога за првпат ја освоиме Бундеслигата. Се обидов да се одбранам малку против тоа што беше целта на таа приказна: Да се создаде слика за мене како одам во Баерн и барам пари. Ама никогаш не би побарал ниту едно евро од ФК Баерн. Јас многу го почитувам тој клуб, но повеќе би сакал да молам за пари под мост во Дортмунд, отколку да го прашам Баерн за тоа. Да прашате најголем ривал за пари, не можете да се понижувате повеќе од тоа на овој свет, -истакнува Вацке.



Спонзорирани линкови

Маркетинг