„Ел Чека“ објави нова бомба – Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

Макфакс

13/10/2019

12:58

6.050

Големина на фонт

а а а

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година.

Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува дека на снимката се слуша гласот на актуелната министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и тогашниот вицепремиерот во Владата на Никола Груевски, Фатмир Бесими.

Женскиот глас во разговорот вели дека членовите на Државната изборна комисија треба да гласаат принципиелно, во однос на изборната победа што во првиот круг ја доби кандидатот на СДСМ, Андреј Жерновски во Центар.

Женскиот глас кој „Ел Чека“ тврди дека е на Шекеринска, од соговорникот бара членот од ДУИ, Субхи Јакупи, „принципиелно да гласа по однос на изборната победа на опозицијата во Центар и Куманово, за изборниот процес да не добие црвен картон“.

Таа во разговорот додава дека ако има прегласување секаде каде што во прв круг победува опозицијата, тоа ќе го загрози извештајот за Македонија.

Во Центар сепак имаше прегласување, а Жерновски ја понесе победата во вториот круг од локалните избори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг