Ферстапен бесен на пилотите на Ферари: Не ги разбирам правилата, Шарл е искусен, зошто не се реагираше веднаш?

Дерби

13/10/2019

12:31

1.431

Големина на фонт

а а а

Макс Ферстапен не беше задоволен од пилотите на Ферари, но и од стјуардите на денешната трка за Големата Награда на Јапонија возена на легендарната патека „Сузука“.

Ферстапен мораше да се откаже во 15 круг од трката, по штетите на болидот кои ги претрпе при судирот со Шарл Леклер уште на самиот старт на трката. Возачот на Ред Бул ги нападна Леклер и Фетел кои „кумувале“ на инцидентот кој на крајот се покажа како одлучувачки за тој пред време да ја заврши трката.

– Имавме многу добар старт. Потоа останав од надворешната страна, мислам дека бев на третата позиција, но наеднаш во вториот свиок Шарл ме удри од страна. Јас не можев да сторам ништо поинаку. Сите знаеме дека понекогаш се губи сила на болидот, но тоа не е оправдување. Шарл е доволно искусен да го знае тоа. Чудно е што стјуардите не го ни истражуваа случајот. Мојот болид беше целосно уништен, целата страна, имаше многу дупки. Потоа тие почнаа да го разгледуваат случајот, но после трката. Што друго требаше да направи за да добие казна? Јас сакам жестока трка, но не мислам дека ова беше жестока трка, тоа беше неодговорно возење. Имаше лош старт и се обидуваше да врати неколку позиции и тоа е тоа. Потоа го погледнав и стартот на Себ. Мислам, потезите кои ги направи, тргна па застана, правилата говорат дека не смееш да правиш така, но затоа што не стекнал предност тој не доби ни казна. Навистина не разбирам што се случува со правилата денес, -истакна видно револтираниот Макс Ферстапен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг