Затекнати 45 лица од Пакистан во камион на автопатот Скопје-Велес

Точка

13/10/2019

12:00

2.565

Големина на фонт

а а а

Четириесет и пет лица од Пакистан биле затекнати во камион кај наплатна станица „Отовица“ на автопатот Велес-Скопје.

МВР соопшти дека контролата на возилото била спроведена синоќа по полноќ, пришто бил приведен 28-годишниот И.М. од селото Марвинци, Богданци кој управувал со возилото.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг