7 скриени трикови со средното копче на маусот кои речиси никој не ги знае

Точка

12/10/2019

15:44

8.892

Големина на фонт

а а а

Средното копче на маусот сите најчесто го користиме за две работи – за отворање на линкови во нов таб во интернет пребарувачите или за нивно затворање.

Но, средното копче може да биде користено за уште многу работи, само голем дел од луѓето не се свесни за тоа. 

Испробајте ги следните 7 функции во пребарувачите Chrome и Firefox.

1. Среден клик на стрелката за враќање назад – ја отворате претходната интернет страница во нов таб.

2. Среден клик на стрелката за напред – ја отворате следната страница во нов таб.

3. Среден клик на копчето “Refresh” – отворате “освежена” верзија од страницата на која сте во нов таб.


4. Среден клик на копчето “Home” – ја отворате основната страница во нов таб.

5. Среден клик на “Auto-Suggest” додека внесувате одредена интернет адреса во полето за пребарување – ја отворате таа претрага/резултат во нов таб.

6. Среден клик на “Bookmark” – отворате “bookmark” во нов таб.

7. Среден клик на групата “Bookmark” – ги отворате сите “bookmark” страници во нови табови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг