Емотивно враќање на Росана на музичката сцена: „Само од спомени тешко се живее“

Точка

12/10/2019

14:40

5.055

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер се одржа втората полуфинална вечер на фестивалот на македоснка музика „Макфест“ во Штип, а публиката можеше да ужива во неверојатните изведувачи кои ги покажаа своите музички таленти.

На сцената можеа да се забележат и музичари кои по долго време се вратија на музичката сцена, меѓу нив и неверојатната Росана која во минатото, заедно со нејзината сестра Маријана владееја на музичката сцена и не постоеше човек кој не ги знаеше и не ги пееше нивните песни кои секогаш стануваа хитови.

Како што знаеме Росана долго време ја немаше на македонската музичка сцена, но вчеравечер таа со нејзиниот емотивен шлагер со наслов „Спомени“ ја прекина таа нејзина пауза и на публиката ѝ понуди една чиста емоција во која сите уживаа.

Песната „Спомени“ е дело на Александар Митевски и како што вели таа “тоа е нејзина чиста емотивна автобиографија, еден вид на балада за победата на љубовта над тагата и гордоста над неправдите“.

Настапот на Росана беше проследен со неверојатен и грамогласен аплауз и изгледа дека токму таа беше тоа што на публиката најмногу ѝ недостасуваше.


И како круна на неверојатниот настап на Росана, таа успеа да се пласира во финалето на “Макфест“ кое ќе се одржи вечерва, а во него ќе има вкупно 20 изведувачи.

Им посакуваме среќа на сите вечерашни изведувачи на фестивалот „Макфест“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг