Фотографија која го разнежни Балканот: За овој дедо сите зборуваат

Точка

12/10/2019

12:18

7.907

Големина на фонт

а а а

Не е тајна дека децата во текот на растењето најмногу сакаат да го поминуваат своето време со баба и дедо бидејќи сè што не е дозволено кај мама и тато, е дозволено кај нив.

Тие се оние кај кои ги јадеме највкусните јадења, кои секогаш имаат по некое слатко и на крајот, тие се оние кои нè носат и нè земаат од училиште. Токму една таква ситуација, односно фотографија од дедо кој ги води на училиште своите две внуки, го воодушеви целиот Балкан. 

Аца Аврамовиќ, фотограф кој со години успешно се бори против церебрална парализа, случајно ја направил оваа фотографија која според неговите зборови има посебна емоционална тежина. Имено, како што навел тој, фотографијата која настанала во Аранѓеловац, а на која се гледа како дедо ги носи ранците на своите внуки кои очигледно ги носи на училиште, настанала сосема случајно.

“Оваа фотографија настана денеска, сосема случајно додека барав инспирација за фотографија во нашиот град, таа има посебна емоционална тежина. Многу бев среќен што успеав да го фатам овој момент”, напишал Аврамовиќ под фотографијата која разнежни многу корисници на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг