Компанијата Microsoft го претстави својот најнов таблет Surface Neo кој има два екрани и се склопува.
Овој таблет со големина на книга има два екрани со Gorilla Glass со дебелина од 5,6 милиметри, односно, според Microsoft ги има „најтенките ЛЦД екрани некогаш произведени“.
Surface Neo ќе има и магнетна Bluetooth тастатура и пенкало, а и двете компоненти ќе се полнат бежично. Овој таблет ќе може да се користи како таблет или лаптоп и дефинитивно ќе биде полесен за користење од Surface.
Ќе ја користи најновата верзија на Wndowsa 10X оперативниот систем развиена специјално за уреди со два екрани. Една од новите опции ја вклучува "Spanning" опцијата која овозможува користење на апликации на само еден екран, но и ширење на двата.
Ќе бидат достапни и други опции како отворање на линкови на другиот екран, а на пример мејлот ќе остане на првиот и слично.
За спецификациите засега нема детали, освен тоа дека ќе се користи Lakefield процесорот на Intel. Продажбата ќе започне за време на празниците, а цената моментално не е позната.