Повеќе нема дилеми: Ова е вистината за пријателството помеѓу Елена Ристеска и Тамара Тодевска

Точка

10/10/2019

20:12

14.706

Големина на фонт

а а а

По сè изгледа дека нешто се случува помеѓу двете најпознати македонски пејачки - Тамара Тодевска и Елена Ристеска.

Ако ги посетите нивните профили на Инстаграм може да забележите дека тие две не се следат на оваа социјална мрежа. Ниту Тамара ја следи Елена, ниту пак Елена ја следи Тамара.

Ако до скоро можевме да гледаме фотографии од нивни заеднички седенки во друштво на Каролина Гочева, Весна Бејби и други познати лица од македонската јавност, повеќе не е така.

Сепак, после ваквите пишувања во медиумите, Елена Ристеска не остана воздржана.


Женски Магазин ја дознава точната приказна, од прва рака, поточно од Елена Ристеска која е тотално изненадена од ваквата информација.

„Скарани? Јас таква информација немам, првпат слушам. Последните пораки мои и нејзини се поддршка за сѐ што ѝ се случуваше, а од нејзина страна благодарност што сум тука за неа од кога сме се запознале. Некој сака да направи некаков хаос, но нема да му успее...кој и да е тој“, изјавила Ристеска за Женски Магазин.

И после нејзиното огласување, сè уште не е познато зошто тие две не се следат на Инстаграм.




Спонзорирани линкови

Маркетинг