Штип од денеска живее во ритамот на „Макфест“. Со денешната прес-конференција во Центарот за култура „Ацо Шопов“, стартуваше 34-то издание на Фестивалот „Макфест“.
Денеска и утре се двете полуфинални вечери, а во сабота е финалето.
Прв на сцената настапува Мартинијан Кириловски, а последни групата Кентаур.
„Гласањето е 50:50, односно секоја влезница во салата е глас, а останите 50 се на стручното жири. Фестивалот и оваа година го пренесува МТВ, водителка и оваа година е Маријана“, вели техничкиот директор на „Макфест“, Кирил Панајотов.
На полуфиналните вечери ќе настапат 30 изведувачи со 30 различни композиции, од кои 20 ќе настапат на финалната вечер. На финалната вечер пред прогласување на победниците ќе настапува Тамара Тодевска.