Осмата генерација на Golf ќе дебитира на 24-ти откомври, а Volkswagen ги откри официјалните скици.
Врз нивна основа очекуваме подинамичен Golf од претходникот со традиционалните линии.
Новиот "Golf" од претходникот пред сѐ се разликува во внатрешноста, каде минималниот број на физички копчиња во главно е заменет со контроли на екранот чувствителен на допир.
Под мултимедијалниот систем кој се спојува со контролната табла на која продолжува уште еден панел на допир, се наоѓаат низа контроли чувствителни на допир за клима уредот.
"Golf" благо пораснал, а благодарение на унапредената MQB платформа добил и поголем патнички и багажен простор.