Расистите го тепале кога бил дете, тренирал за самоодбрана, а денес е најопасниот УФЦ борец на светот

Точка

10/10/2019

16:55

4.798

Големина на фонт

а а а

Израел Адесања од Нов Зеланд стана светски УФЦ шапмион во средна категорија кога минатиот викенд во спектакуларна атмосфера пред 57.000 навивачи во Мелбурн го нокаутираше досегашниот шампион Роберт Витакер.

Адесања го шокираше светот на 5-ти октомври и освои појас. Од самиот влез во рингот па до бруталниот нокаут „Last Sylebender“ бил во центарот на вниманието.

Неговото влегување било едно од најлегендарните во историјата на ММА во светот.

Покажал неверојатни танцови и акробатски способности и ги “запалил“ навивачите.

Со тоа го покажал еден од своите таленти затоа што кога бил мал сонувал да биде танчер. Меѓутоа, судбината сакала да биде борец.

„Имаше многу млади афроамериканци како мене кои танцуваат, но во УФЦ беше моето место“ - изјавил своевремено зошто се определил за борбата наместо танцот.

Тој во самата борба бил брутален и продолжил со својата непобедливост. Денес овој 30-годишен човек од Нов Зеланд, со потекло од Нигерија има 18 борби и исто толку победи. Од нив 14 нокаути. Првата борба во УФЦ ја имал во февруари 2018-та година и оттогаш чекори кон неговиот метеорски врв на кој се наоѓа токму сега.

За разлиак од некои УФЦ ѕвезди кои повеќе зборуваат надвор од теренот, а за неколку години имаат само една борба позади себе, тој за помалку од две години имал дури седум борби. Сите седум ги добил, а круната била неговата победа против шампионот.

Денес Адесања според многумина е најопасниот ММА борец кој од мали нозе се челичел.

Неговата судбина од мали нозе била да стане борец затоа што уште како дете морал да им се спротиставува на проблематичните момчиња и расистите кои го малтретирале.

Тој е роден во Лагос,а неговото семејство подобра иднина побарало во Нов Зеланд во градот Рутура каде што Адесања се преселил кога имал 10 години.


Таму во средно училиште доживеал малтретирање од страна на расистите кои го злоупотребувале поради бојата на кожата. Тогаш неговта судбина била да стане ММА борец.

„Одлучив да научам како да се заштитам“ - изјавил во едно интервју и порачал дека во Нов Зеланд мора да научите да се борите поради самоодбрана.

Кога го прашале дали е насилна личност тогаш тој се споредил себеси со куче.


„Јас сум како златен ретривер, пријателски сум насочен и со отворен ум... Но, доколку ме ставите во ќош тогаш ќе зажалите за тоа. Знаете на што мислам?“ - порачал Адесања кој така само уште еднаш ја потврдил својата животна приказна дека денес станал еден од најбруталните УФЦ борци така што поради самоодбрана почнал да ги учи боречките вештини.




Спонзорирани линкови

Маркетинг