Вредат милиони, а оставени се во пустината: Погледнете како изгледа отпадот на луксузните автомобили, некои имаат „клуч на врата“

Точка

10/10/2019

16:23

5.107

Големина на фонт

а а а

Дубаи секогаш не асоцира на скапоцени автомобили, а со оглед на тоа што купувачите таму често ги менуваат, јасно е дека има и прилично големи отпади.

Доколку ви е потребна врата за Ферари, или пак ветробранско стакло за Ламборџини, тогаш дефинитивно тие делови можете да ги пронајдете на овој отпад кој ќе ги растажи сите љубители на автомобилите.

Тука се наоѓаат оштетени возила од сите можни марки, па нема само луксузни, туку и „обични“ автомобили. Наводно во еден период голем број на бизнисмени банкротирале, па поради финансиската криза автомобилите со оштетувања едноставно ги оставале на улиците.

Обединетите Арапски Емирати немаат точно дефиниран закон за исплата на долговите кога станува збор за возилата, па голем дел од нив се оставени буквално со клучевите внатре.



Спонзорирани линкови

Маркетинг