Galaxy S10 серијата ги добива моќните функции на Galaxy Note10 преку софтверско ажурирање

Точка

10/10/2019

13:28

280

Големина на фонт

а а а

Galaxy Note10 и Note10+ се карактеристични по своите моќните алатки дизајнирани да им овозможат на корисниците ослободување на својата креативност и да бидат повеќе продуктивни. Сега, со помош на софтверско ажурирање кое е достапно на европскиот пазар от 23. септември, Samsung Electronics овозможува многу иновации кои се од новата генерација – вклучувајќи AR Doodle, интегриран видео уредувач и Link кон Windows функција – на Galaxy S10e, S10, S10+ и S105G.

“Во компанијата Samsung Electronics постојано истражуваме начини за на корисниците на Galaxy уредите да им го овозможиме најдоброто можно искуство со паметните телефони, а ова софтверско ажурирање е показател на нашата посветеност кон корисниците,“ изјави Jiyoung Mun, инжинер во одделението за Мобилен развој и истражување во Samsung Electronics.

Кога корисниците на Galaxy S10 ќе го извршат ажурирањето на своите телефони ќе воочат дека нивната врвна камера е уште помоќна. Night Mode сега е поддржан и од предната камера – овозможувајќи им на корисниците поголема слобода за правење на живописни фотографии ноќе. Камерите на Galaxy S10 серијата од сега имаат можност за Super steady видео стабилизација како и поддршка на динамични Galaxy Note10 функционалности како што се AR Doodle и Live focus video recording. Првата функција овозможува на корисниците да ги збогатат своите видео содржини со забавни цртежи и пораки со проширена реалност, додека другата функција носи можности на примена на boкeh ефектот (вклучувајќи блур, кружен фокус, color point и glitch) на видео снимките на предната и задната камера.

Кога корисниците на Galaxy S10 снимаат видео, новиот, интегриран видео уредувач им ги нуди сите потребни алатки за своето видео да го претворат во вистинско уметничко дело. Оваа практична функција овозможува монтирање на видеа на професионално ниво со бројни едноставни опции за сечење на клипови, спојување на содржините, подесување на брзината на емитување, како и многу други. Можно е и да се додадат титлови и музика за видео снимките да бидат целосно уникатни.

Еден од новитетите кои ова софтверско ажурирање ги носи е и поддршката на Samsung DeX за PC. Кога корисниците ќе ја извадат апликацијата од SamsungDeX.com може да се отвори Samsung DeX на својот компјутер или Mac уредот преку едноставно поврзување на нивниот Galaxy S10 телефон со USB кабелот на компјутерот. Додадена е и Link кон Windows поддршка што значи дека Galaxy S10 корисниците ќе можат безжично да се поврзат со нивниот Windows 10 PC и на едноставен начин да гледаат содржини, да праќаат и примаат пораки, и да синхронизираат фотографии со компјутерот.

Апликациите на кои корисниците на Galaxy S10 се потпираат секојдневно, вклучувајќи ги Samsung Pass и Messages прераснаа во нешто многу поедноставно за употреба и попрактично. Сега, подесувањето на Samsung Pass апликацијата исто е поедноставено така што корисниците можат на лесен начин да ја искористат напредната биометриска технологија за да ги стартуваат апликациите и веб сајтовите брзо и безбедно. Во Messages апликацијата новите икони за додавање на фотографии и видеа се позиционирани лево од полето на пишување пораки за корисниците да можат да пристапат на фајловите кои им се потребни на побрз начин.

Наведеното ажурирање го поедноставува и користењето на галеријата на фотографии, го олеснува пребарувањето на уреди и доаѓа со интелигентен Wi-Fi интернет кој овозможува непрекината и стабилна поврзаност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг