Научник открил каде огромен астероид ќе ја удри Земјата за 10 години: Богот на хаосот ќе остави огромен кратер, а последиците ќе бидат катастрофални

Точка

10/10/2019

12:36

5.548

Големина на фонт

а а а

Научникот Мајкл Хорн тврди дека досегашните претпоставки на НАСА за можен удар на астероидот Апофис, исто така познат под името Бог на хаосот, биле погрешни и истраен е во своето тврдење дека споменатиот астероид ќе удри во Земјата во рок од 10 години и ќе предизвика голема штета, независно од местото на ударот.

Хорн изјавил дека неговиот истражувачки тим местото на ударот го свел на подрачјето меѓу Северното и Црното море и навел дека тоа би можело да доведе до изумирање на човековиот вид. 

"Тука зборуваме за два проблема: ударот на масивен астероид и последиците кои ќе уследат. За на луѓето подобро да им ја објасниме јачината на таквиот удар, на интернет споменатиот настан го прикажавме во облик на стрип. Каде и да се случи таков удар, ќе остави дупка во Земјината кора и ќе доведе до масовно испуштање на гасови. Тоа сепак ќе доведе до големи пожари и исчезнување на милиони луѓе од одредено подрачје, по што може да се очекува катастрофа од глобални размери, па дури и нуклеарна зима", додал тој.

НАСА веќе почнала да се подготвува за доаѓањето на астероидот 99942 Апофис. Неговиот обем е 370 метри и се предвидува дека би можел да се приближи до Земјината површина на оддалеченост од 30.500 километри.

Според официјалните проценки, шансите да удри во Земјата во 2068-ма година се 6,7 наспроти милион, додека во период од 2060-та до 2105-та таа веројатност ќе биде 9 наспроти милион.

Неговото влегување во Земјината атмосфера би ослободило 1200 мегатони кинетичка енергија. Колку за споредба, јачината на најголемата хидрогенска бомба која некогаш експлодирала изнесувала 57 мегатони, а ерупцијата на вулканот Кракатау од 1883-та била на ниво на експлозија на бомба од 200 мегатони. Ударот на метеоритот за кој се верува дека довел до умирање на диносаурусите, според научните проценки, ослободил енергија од 100 милиони мегатони.

Сигурно е дека ударот би направил голема штета во дијаметар од неколку илјади километри квадратни, но мала е веројатноста за катастрофа од глобални размери.

Се проценува дека во случај на удар би дошло до создавање на кратер од длабочина со 5,1 километри.

Главниот извршен директор на компанијата "Space X" Илон Маск, изјавил дека поради ова не треба да сме загрижени, иако во случај на било каква реална закана катастрофата би била неизбежна, бидејќи нашата планета нема адекватно развиен одбранбен систем кој би спречил удар на астероид со таква големина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг