Тужба поради играта Фортнајт: „Создава зависност како кокаин“

Супермен

10/10/2019

12:32

3.662

Големина на фонт

а а а

Родители на две момчиња од 10 и 15 години одлучиле да ги тужат „Epic games“ поради најпопуларната игра Фортнајт затоа што таа создава зависност.

Адвокатската канцеларија Kaleks legal од Монтреал која ги застапува децата, играта Фортнајт ја споредува со кокаин и наведува дека таа поттикнува лачење на допамин во мозокот и така младите луѓе стануваат зависни од играње, пренесуваат од Си-би-си.

Адвокатката Алесандра Еспосито Чартранд смета дека има доволно докази за застапување на случајот. Ги повикала родителите кои го мислат истото тоа за да ѝ се придружат.

Барањето за одобрување на колективна тужба против Epic games предаден е на судот во Монтреал.


според зборовите на адвокатката, „Еpic games“ со помош на група психолози играта ја направиле опасно зависна кај играчите и таква ја пласирале на пазарот со цел да привлечат што повеќе деца. Кога нешто предизвикува зависност, должноста на компанијата е да ги извести корисниците, што во оваа компанија тоа го изоставиле.


Така родителите би одлучиле нивните деца никогаш да не ја играат Фортнајт доколку би ги знаеле последиците од самата игра.

Можноста дека вакви тужби ќе има уште повеќе и во другите делови на светото е многу голема. За тоа време Фортнајт и понатаму е бесплатна и една од најпопуларните игри на светот со повеќе од 125 милиони играчи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk