Манчевски: Гарантирам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да добие амнестија за случаите од нелегалното прислушување

Макфакс

10/10/2019

11:46

870

Големина на фонт

а а а

СДСМ покажа дека државата и системот функционираат и дека сите сме еднакви пред законите, истакна потпретседателот на владејачката партија, Дамјан Манчевски, на граѓанската трибина „На прав пат“ во Кочани.

„ВМРО-ДПМНЕ бара само амнестија во врска со случаите кои произлегоа од нелегалното прислушување, но гарантирам дека нема да ја добијат“, нагласи тој.

Како што рече, овие случаи ќе се процесуираат до крај, додавајќи дека без закон и нивно разрешување нема напред.

„Ако порано прва задача на власта беше да ги заштити сите па потоа друго, сега се покажува дека сите сме еднакви пред законите и тоа сите мора да го сфатат, а пред сè ВМРО-ДПМНЕ“, истакна потпретседателот на СДСМ на трибината во Кочани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг