Кои професии водат страстен љубовен живот, а кои немаат таква среќа?

Точка

10/10/2019

11:48

2.353

Големина на фонт

а а а

“Leto UK” се занимавал со откривање на врската помеѓу сексуалниот живот и изборот на професија, а резултатите покажале кои професии имаат најбогат, а кои најсиромашен сексуален живот.

Во истражувањето учествувале 2000 мажи и жени, а резултатите покажуваат дека најмногу секс имаат земјоделците – дури 33 отсто од нив изјавиле дека имаат секс најмалку еднаш дневно, пренесува хрватскиот “Index”. На второ место се архитектите, од кои 21 отсто од нив имаат секс еднаш дневно. Трети се фризерите со 17 отсто, а по нив се наоѓаат лицата вработени во сферата на маркетингот, како и адвокати и учители. 


Новинарите на оваа листа се нашле со податокот дека имаат секс само еднаш месечно. Адвокатите се “најтешки” за задоволување – дури 27 отсто од нив признале дека глумат оргазам секој пат кога имаат сексуален однос.

“Во секоја професија постои одредена сличност, но важно е да се земе предвид дека постојат бројни индивидуални разлики кои влијаат на сексуалноста. Очекувавме дека ќе постојат некои трендови како што е количината на физичка активност кај фармерите за разлика од некој кој се занимава со канцелариска работа, која пак влијае на количината на физичка сила и енергија. Влијанието на нашите активности се чувствува и врз начинот на живот и навиките, но не и на сексуалниот живот”, објаснила Кејт Мојл од “Leto UK”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг