Анџелина синоќа се појавила во “магичен фустан“: Со години не изгледала вака совршено, секој детаљ бил на свое место

Точка

10/10/2019

11:35

3.979

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли синоќа во Лондон се појавила на британската премиера на својот нов филм “Maleficent“, а нејзината појава на црвениот тепих сите ги оставила без здив.

Холивудската актерка претхдните неколку денови во повеќе светски метрополи го претставувала својот нов филм, но синоќешното нејзино издание ги победило сите останати.

Џоли блескала во нежната и раскошна Ralph & Russo креација со светкави детали и златни ленти во пределот на деколтето.


Оваа магична тоалета актерката ја искомбинирала со дијамантски обетки.

Косата ѝ била собрана во елегантна пунџа, а дозата сексапил изгледа дека ѝ ја надополнил и црвениот кармин кој совршено стоел на нејзините полни усни.

Славната 44-годишна актерка на црвениот тепих бил во придружба со нејзините најмлади деца: 14-годишната ќерка Захара, 13-годишната Шило како и близнаците Вивиен и Нокс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг