Драматична ситуација по турскиот напад на Сирија: 15 загинати, луѓето ги напуштаат домовите

Точка

10/10/2019

11:04

2.595

Големина на фонт

а а а

Голем број на цивили во Сирија ги напуштаат градовите кои се наоѓаат на границата со Турција, по вчерашната операција на турската војска.

Медиумите пренесуваат дека настрадале 15 луѓе, меѓу кои 8 цивили. 

Според некои информации, турската војска влегла во сирискиот град Тел Абјад, каде се состанала со Сириските демократски сили, кои ги предводат Курдите, пишува "Sputnik".

Вчера турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објавил дека турската војска започнала воена операција на северот на Сирија.

Како што рекол Ердоган, воената операција на Турција го носи името "Извор на мир".

Сириските демократски сили соопштиле дека турските воздушни нападите биле и до 50 километри од границата и дека биле гаѓани 16 нивни положби. Вкупно настрадале 15 лица, меѓу кои 8 цивили.

Медиумите пренесуваат дека најмалку еден припадник на курдските сили загинал за време на нападот на Турција против Курдите, соопштила сириската опсерваторија за човекови права и група курдски активисти.

По турските напади, според наводите на агенцијата Анадолу, Курдите лансирале шест ракети од Камишила кон градот Нисајбин, центар на границата со Турција, како одговор за турските сили.

Реакции на одлуката на турскиот претседател дошле од светски службеници и меѓународни организации.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш е многу загрижен за случувањата на северот на Сирија, рекол портпаролот на ОН, Фархан Хаки.

"Цивилите и нивната инфраструктура мора да бидат заштитени. Генералниот секретар верува дека судирот во Сирија не би требало да се решава со војска", рекол Хаки.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и порачал на Турција да не го дестабилизира дополнително регионот со своите акции на северот на Сирија.

Европската унија исто така ја повикала Турција да ги сопре своите напади на Сирија.

"ЕУ го повторува својот став дека одржливо решение на сирискиот конфликт не може да се постигне по воен пат", рекла Федерика Могерини.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјавил дека нападот на Турција на Сирија е лоша идеја и ја повикал Анкара да ги заштити верските малцинства.

Пред нападот Ердоган разговарал на телефон со рускиот претседател Владимир Путин.

"Турската офанзива против сириската курдска полиција ќе донесе мир и стабилност во Сирија", му рекол Ердоган на својот руски колега.



Спонзорирани линкови

Маркетинг